March 28, 2024, 11:15 am

Хeлeнa Poзa дo Ocмани: „Кoja e пpoцeдypaта зa нac нaд 3000 Македонци бeз пacoши вo мoмeнтoв?“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хелена Роза на социјалната мрежа Фејсбук се обрати до министерот за надворешни раборти Бујар Османи во однос на законот и процедурата за Македонците без пасоши во моментов.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

Г-дине Бујар Османи дали барем ќе не удостоите со детали околу законов и која е процедурата за нас над 3000 Македонци без пасоши во моментов?

Ќе не удостоите ли напокон со конкретна солуција, бидејќи оваа последнава ваша изјава е тотално некомплетна, и остава многу прашања не одговорени.

Кој ќе ги информира службите- имиграционо во државите каде живееме? Кога? Дали се веќе информирани или ќе си почекаме? Дали воопшто мислите да ги информирате? Како и со што да им пристапиме на овие служби? Со линк од портал на Македонски јазик? Како конкретно ваква измена ни го решава проблемот? Што со децата кои воопшто немаат ПАСОШ? Што со оние на кои им истекува пасошот после 31 Јули? Што со оние кои имаат пасош истечен повеќе од две години? Еден куп неодговорени прашања? И најважно овој ваш фамозен закон не го решава проблемот со вадење на пасоши во дијаспората. Толку!!!!

И не само до министерот, каде се новинарите да прашаат? Каде се невладините? Каде се еден куп организации во дијаспората да не поддржат? Еден куп емаил-ови испративме и до организации, и до медиуми и новинари, одговор никаков не добивме. Сите очигледно не ве засега проблемов.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This