Xopop во Србија: Пронајдено мpтвo бeбe во kонтејнер, мaјката yaпceнa за yбиcтво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Починато бебето беше пронајдено вчера во контејнер во Пријепоље. Бебето е родено живо, а причина за смртта е задушување, покажуваат резултатите од обдукцијата. Против мајката ќе биде поднесена кривична пријава за тешко убиство, изјави за РТС Вишото јавно обвинителство во Ужице.

Полицијата, со согласност на обвинителството, наредила мајката на детето да биде задржана до 48 часа. Мајката се уште е на одделот за гинекологија во болницата во Пријепоље.

Мртво новородено бебе било пронајдено вчераутро во контејнер во населбата Хашимбеговиќ полје во Пријепоље. Мајката на пронајденото бебе се породила дома, оставајќи го бебето во контејнер, по што се јавила на лекар.

Откако ја примиле мајката, вработените во болницата го пријавиле случајот во полиција. По претресот, новороденчето било пронајдено во контејнер, недалеку од куќата во која живее мајката.

За жал, кога бебето било пренесено во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This