March 28, 2024, 11:35 pm

Хopop вo Австралија: Мајка cи ги y6илa тpитe дeцa, пa извpшилa camoy6иcтвo..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата во Викторија, Австралија во еден дом пронашла четворица мртви, односно мајка и три деца, пренесува Дејли мејл.

Полицијата се сомнева дека трите деца – Клер (7), Ана (5) и Метју (3) биле убиени од нивната мајка Кејти Периновиќ (42), која потоа извршила самоубиство.

Телата на жртвите биле пронајдени од полицијата во четвртокот во семејниот дом на фамилијата Периновиќ, откако сопругот на Кејти, Томислав (48) ги алармирал сите служби.

Истражителите од Одделението за убиства, во изјава за медиумите потврдиле дека господинот Периновиќ не бил вклучен во чинот на убиствата и веднаш бил пуштен од затвор.

Пријателите и соседите на фамилијата Периновиќ изјавиле дека Кејти веќе неколку недели се однесувала необично.

– Неколку недели пред овој несреќен настан, Кејти и нејзините деца присуствуваа на роденденот на мојата ќерка. Кејти беше необично тивка и никогаш досега не сум ја видела во тоа издание. На роденденот беа и неколку други мајки кои веднаш го забележаа нејзиното чудно однесување, рекла сосетката на Кејти, Мари Гроувс.

Пред три месеци Кејти неочекувано дала отказ на своето работно место каде со години работела како психотерапевтка, а нејзините пријатели и познаници се сомневале дека причината за тоа била депресија.

Според пишувањата на порталот Хералд Сан, фамилијата Периновиќ има хрватско потекло. Тие пишуваат дека моминското презиме на починатата жена било Блажевиќ, а нејзината мајка исто така наводно живее во Австралија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This