Хopop вo Хјустон: Мoмчe (3) гo y6и ocyммeceчнoтo бpaтчe co пиштoл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Момче (3) случајно го уби својот брат, осуммесечно бебе, откако во семејниот стан во Хјустон пронашол пиштол.

Бебето било застрелано во стомакот во петокот наутро, изјави помошникот началник на полицијата, Венди Бамбриџ, пренесува Гардијан.

Неколку возрасни лица кои биле во станот го однеле осуммесечното момче во болница, каде починало.

– Само сакам да го искористам овој момент и ги замолувам моите родители и старатели да не дозволат вашето оружје да биде достапно за никого во куќата. Заклучете ги. Постојат работи што можете да ги направите за да го зачувате безбедно тоа оружје. Молете се за ова семејство – рече Бамбриџ.

Инспекторите првично не можеле да го пронајдат пиштолот користен при пукањето. Сепак, тие успеале да го пронајдат во возилото во кое членовите на семејството го донеле бебето во болница.

Инспекторите и обвинителите сè уште не утврдиле дали ќе бидат поведени обвиненија за тој случај, рече Бамбриџ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This