Хopop филм во Батинци – Еден yбиeн, тројца пoвpeдeни, нaпaѓaчoт во бeгcтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во СВР Скопје синоќа било пријавено дека во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден Ш.П.(29) од с.Батинци, скопско, со повреди од нож, кој за кратко време починал.

Во меѓувреме донесен бил и Н.С.(28) од с.Батинци исто така со повреди. Со возило на итна медицинска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ пренесени се М.С.(39) од с.Батинци кој бил повреден од огнено оружје, и И.Г.(25) од с.Батинци кој бил повреден со нож.

-Според првични информации, во двор на угостителски објект во с.Батинци, сопственост на Р.Џ.(27) од село Црн Врв најпрво дошло до нарушување на јавниот ред и мир, а потоа било употребено огнено оружје и нож. Постои основано сомнение дека можен сторител е Н.З. од с.Батинци кој е во бегство и по кого се трага. На местото на настанот била пронајдена една чаура и два неиспукани проектили, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This