Хpвaтcкa дoнece oдлyкa: Eднa дoзa вakцинa зa oниe кoи пpeлeжaлe Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Хрватска официјално е одлучено дека луѓето кои прележале ковид треба да примаат само една доза вакцина.

– Сега веќе има доволно податоци дека втората доза по закрепнување од болеста не придонесува за нивото на антитела, рече директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак на прес-конференција.

Според него, втората доза вакцина треба да ја прими лице кое во меѓувреме се разболело и тоа три до шест месеци по закрепнувањето.

– Наша препорака е луѓето кои ја примиле првата доза на Астра Зенека, да примат и втора доза, рече Цапак.

– Секој што ја прележал болеста ќе добие една доза вакцина, тоа е официјална одлука. Податоците за времетраењето на имунитетот по болеста покажуваат дека е тој трае три до шест месеци, а ние сметаме дека тој имунитет е доволен за шест месеци, рече директорот на ХЗЈЗ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This