Цариниците на ГП Богородица пронашле 130 килограми марихуана во 323 паковки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку 130 килограми марихуана пакувана во 323 паковки завиткани со проѕирна најлонска фолија вчера заплени Царинската управа на граничниот премин Богородица во камион со албански регистарски таблички.

Дрогата била наменета за турскиот пазар, а сомнеж за претрес на камионот кај  цариниците се појавил откако ја увиделе временската разлика на транзит на камионот што доаѓал од Албанија. Тој се задржал повеќе од вообичаеното за излез од Република Македонија.

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски денеска на прес-конференција информираше дека камионот бил управуван од 37-годишен државјанин на Република Албанија и на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави за царина, тој одговорил дека возилото е празно и дека патувал од Турција за утовар.

– При контролата на возилото во дрвените странични даски што ја држат церадата од полуприколката во специјално изработен простор во внатрешноста на даските е пронајдена марихуаната, истакна Танасоски.

Против возачот Царината поднела кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Основниот суд во Велес му одредила мерка притвор во траење од 30 дена.

Од почетокот на 2018 година Царината во пет случаи на повеќе гранични премини запленила 472 килограми марихуана. Ова е втор поголем случај на заплена на дрога, а претходно на 28 јануари оваа година на истиот граничен премин Богородица беа запленети 310 килограми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This