ЦАРИНСКАТА УПРАВА ГИ ,,СУШИ“ ГРАЃАНИТЕ: 3000 денари царина за подарок од 600 денари од роднините од странство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За неколку чоколади, спинери и бонбони, спакувани во пакетче, како поздрав од роднините во туѓина, струшкото семејство Таири добило сметка од  2700 денари за царина и лежарина, како што им рекле. Велат дека се многу непријатно изненадени, затоа што вредноста на пакетчето не била повеќе од десетина евра.

Од Царинската управа во Скопје потврдуваат дека примаат многу поплаки од клиентите, но дека немаат конкретни детали за овој случај.

За семејството Таири ова не е прво непријатно искуство со пратки од странство. Пред две години, од Царинската служба ги известиле дека сами мора да платат за транспорт до Охрид на пристигнатата пратка во Скопје.

Од Македонски пошти велат дека ако некои пратки содржат стоки за кои се пропишани посебни критериуми пред да бидат пуштени во промет, преглед на таквите стоки врши посебен инспекциски орган. Па затоа процедурата трае подолго.

„Во одредени случаи од примачите на пратките се бара да достават дополнителни документи и објаснувања за пратката или треба да се поднесе писмена декларација. Во тој случај Поштата изготвува известување за пристигната пратка до примачот во писмена форма  или по електронски пат. По завршување на постапката за царинење од страна на Царинската управа на Р. Македонија, поштенските пратки се отпремуваат за достава до крајните примачи“- велат од Македонски пошти.

Според Ценовникот за посебни, дополнителни и други услуги поврзани со поштенските пратки во меѓународниот поштенски сообраќај, се плаќа 18 денари лежарина на ден.

Според Правилникот, пратките испратени од физичко или правно лице во странство до физичко лице во Македонија кои не надминуваат вредност од 45 евра се ослободени од царина, освен кога се работи за алкохол, парфеми, и производи од тутун. Ова во голема мера ги ограничува луѓето во Македонија не само од тоа да примат поскап подарок од странство, туку и да купуваат предмети за лична употреба преку интернет, пракса која во светот е станува сè почеста.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This