Царовска: Ако денес не направиме промени нема да го фатиме светскиот чекор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние во моментов дискутираме за образованието и за тоа какви промени ни се потребни. Без образование нема иднина. Денес со промени во образованието создаваме систем за функционална држава во следните две до три децении. Ако денес не направиме промени нема да го фатиме светскиот чекор и потоа се ќе биде залудно. И оваа тема е жешка тема во јавноста и треба да е. Какво образование им треба на децата и на државата? Оваа реформа не е козметичка, тоа е најлесно да го направите, реформа само во еден предмет или еден дел од образовниот процес, но тоа е полирање, нам ни треба тектонска промена, суштинска и целосна.“- изјави министерката за образование, Мила Царовска, во интервјуто на телевизија Клан.

Според неа целиот систем на учење во моментов е промашен и затоа се неопходни коренити промени.

„Ние како држава немаме национални стандарди за учење, со какви компетенции мора да излезе ученикот од деветто одделение, тоа го немаме, а тоа е клучно. Оваа концепција тоа го предвидува- јасно да се знае што мора да знае еден ученик на крајот од основното образование, дали на крајот учениците се стекнале со знаење за тоа за кое државата ќе го определи. Програмата се концепира за учениците, да сакаат да одат во училиште. Сега ако ги прашате учениците тие сметаат дека училиштето е нерелевантно, дека сето тоа што го учат нема да им биде потребно за во иднина, оти вистина е дека тие факти што ги учат сега со еден клик ќе ги најдат на интернет. Затоа велиме интеграција на природните науки, на општествените науки. Ако децата учат за Втората Светска војна по историја, тогаш по литература ќе го учат „Дневникот на Ана Франк, и утре тоа ќе го поврзат“- ги објасни Царовска предностите од реформирано образование.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This