Царовска во Ресен: Граѓаните знаат кој работи во нивен интерес, за подобри услови во образованието, детската, социјалната заштита

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска и актуелниот, но и кандидат за градоначалник Живко Гошаревски, попладенто се сретнаа со жителите на Општина Ресен и ги повикаа во недела да излезат и да гласаат за најдоброто за нивната општин, заокружувајќи го бројот 12.

„Граѓаните знаат кој работи во нивен интерес. Кој се грижи за подобри услови во образованието, детската, социјалната заштита и воопшто за напредок во сите сегменти во општеството, а кој дури и од позиција на опозиција ги кочи законските измени и прави само штета. За да ги продолжиме позитивните промени ве повикувам на 17 октомври да излезете на избори и да гласате за најдобриот градоначалник и советничка листа на СДСМ и коалицијата. Со тоа ќе изберете подобра сегашност и иднина за сите граѓани“, рече Царовска.

Потпретседателката на СДСМ потсети дека изминатиот период како никогаш до сега беше инвестирано во изградба на нови градинки и реконструкција на училишта и спорсти објекти во Општина Ресен.

Изградбата на спортска сала во ОУ „ГоцеДелчев“, во вредност од 23.650.000,00 денари треба да заврши до ноември 2021година. Во тек е и реконструкцијата на ОУ„ Мите Богоевски“ во населено место Болно и адаптацијата на ОУ „Мите Богоевски“ во населено место Јанковец, зашто издвоивме 6,343,123.00 денари преку Проектот МСИП 2. За опрема за детска градинка во Ресен, со капацитет за 25 деца, вложивме 450.360,00 денариво 2019 година. Во завршна фаза, во тек е монтажата на опрема во детската градинказа 105 деца, во што инвесираме 20.800.000,00денари.

Продолжуваме и во наредниот период да градиме по план и да инвестираме исклучиво во проекти од интерес на децата, но за тоа ни е потребна довребата од граѓаните“, рече Царовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This