Царовска донесе одлука: Првоодделенците ќе учат по нова наставна програма од септември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма за што привршува подготовката на материјалите за учење. За предметот природни науки во тек е печатење на нов материјал на чија изработка работеа авторките: Билјана Лазареска, Биљана Стојановска, Соња Кирковска, и Нела Слезенкова Никовска.

„Создадовме прекрасен материјал кој ќе биде интересен и возбудлив за учениците, бидејќи тие се најсреќни во училницата кога изведуваме експерименти и кога имаат пред себе наставен материјал кој е шаренолик и богат со илустации”, вели авторката Билјана Лазареска.

Според Лазареска содржината на материјалот е разбирлива за учениците, а целта е преку активности и игри да се воведуваат во наставната материја и да ги разберат аспектите на родова еднаквост, интеркултурализмот, инклузијата, заштитата на животната средина, почитувањето, правата и слично.

„Се надеваме дека овој учебник ќе овозможи еден поинаков пристап во наставата и ќе ги зголеми компетенциите на знаења, способности, вештини и ставовите. Ќе им овозможи на учениците учење со разбирање кое помага во развој на критичкото размислување и креативноста, што е и целта на самите реформски процеси”, вели Лазареска.

Имплементацијата на новата Концепција, која МОН ја изработи во соработка со Бирото за развој на образование, стартува од новата учебна година во прво и четврто одделение за што се развиваат и изработуваат материјали за учење кои се целосно усогласени со новите наставни програми. Промените ќе се прават етапно, а целосната имплементација на реформата во деветолетката се очекува да заврши за 5-6 години.

Новите материјали за учење се изработуваат во координација со БРО, а исто така материјалот го разгледува и рецензентска комисија и универзитетски професори, велат од министерството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This