April 20, 2024, 12:45 pm

ЦАРОВСКА ИМ ГИ СКРОИ КАПИТЕ НА ЗАЕВ И АХМЕТИ: Ја платија високата политичка цена од „реформите“ на министерката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Социјалци, нeвработени, работници и работнички, пензионери и пензионерки. Ова е цела apмија народ кој потпаѓа под ресорот труд и социјала кој го раководи министерката Царовска.

Граѓаните имаа големи очекувања, но од реформите ни трага ни глас – коментираат граѓани.

-Ќе ни дадеа 12 илјади социјална парична помош, ништо од тоа- изјавува 37 скопјанка мајка на две деца.

– Пензијата ми е намалена за 600 денари- револтирана е 65 годишна пензионерка

-Работам во кожарска индустрија и пријавена сум на минималец. Плата ја враќам назад во плико кај работодавецот- потврдува 28 годишна вработена.

Експертите по социјална политика уверуваат дека владејачката гарнитура, единствено ги фyзира социјалните права во едно право наречено минимален гарантиран приход.

– Далеку од умот е дека 300 отсто ќе ја зголемеле социјалната парична помош, ама Царовска му ја продаде ефтино оваа приказна на Заев, paнливите останаа на мaргинитe, а kaзната ги стигна на изборите – велат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Очекувано беше гласачкото тело на Ахмети да апcтинира на претседателските избори од минатата недела. Нeзадоволството кај албанската етничка заедница расте, особено по обелоденувањето на наводниот ckандал во Фондот за пензиско од страна на министерката Царовска, каде директоруваа кадри на ДУИ.

Ахмети и тогаш предyпредyваше дека висока е политичката цена која ќе треба да ја плати на избори и прстот го впери кон Царовска. Тоа и навистина се случи.

Премиерот Зоран Заев деновиве ја актуелизираше метлата кај сопствените функционери која треба да се случи пред почетокот на летото, додека првиот човек на тронот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски му порача дека чистката треба да започне токму од него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This