Царовска: Моделот на настава ќе се менува во зависност од епидемиолошката состојба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комбинираниот модел за онлајн настава и настава со физичко присуство е флексибилен и ќе се менува во зависност од состојбата со ковид-19, вели во интервју за „Факултети.мк“, новата министерка за образование, Мила Царовска.

Тој може и ќе се менува во зависност од епидемиолошката состојба, препораките на надлежните институции, но особено важно, и од контролата и квалитетот на образовниот процес. Сосема ми е јасно дека не постои идеален модел по желба на сите, ниту пак едно унифицирано решение. Токму затоа, во сите држави во регионот и во Европа решенијата се национални, а не универзални. Во многу поразвиени држави, ги следиме предностите, проблемите и корекциите. За да креираме и спроведуваме најдобро можно решение и модел. Јас немам законски ингеренции во релација со јавното здравје, но имам и целосно ги разбирам и ги прифаќам моите обврски за системот и квалитетот на образовниот систем – вели министерката.

Царовска потенцира дека не смее да се дозволи „црно-бела слика и исклучиви позиции во кои ќе се одлучува за избор: или здравје или образование на децата“.

Тоа не е добро. Работиме да овозможиме и заштита на здравјето и солидно, ефикасно, ефективно образование. Во оваа ситуација не сме затоа што сакаме, туку затоа што мораме да понудиме најсоодветна солуција, а тоа е комбинираниот модел – вели Царовска.

Уверува дека МОН работи на обуки, техники, обезбедување опрема и контрола на образовниот процес.

Планот за започнување на учебната година предвидува практичниот дел од наставата во средните стручни училишта да се изведува со физичко присуство. Годинава, за разлика од лани, сите ученици што ќе следат онлајн-настава ќе се оценуваат, односно знаењето ќе им се проверува со физичко присуство во училиштата, за што ќе се изработат посебни протоколи. Тоа е значајно за сите, без исклучок. Во објективноста и одговорноста во образованието не смее да има исклучок и времен компромис – вели Царовска.

Како министерка ветува крупни реформи во образовниот сектор, а фокусот, меѓудругото, вели ќе биде кон зајакнување на стручните училишта. Сепак, посочува дека ќе треба време да се поправат грешките од минатото.

Знаете, да бидам повеќе од конкретна, грешка во инфраструктура се исправа со неколку зафати и тоа може да трае неколку дена. Но грешките, како во минатото, во образованието траат со години, децении. Зафатот и да е можен, веќе има неповратни последици. И тоа за мене е политички, но многу повеќе личен, емоционален, колективен предизвик. Тоа што ќе успееме да го направиме во образованието е историски предизвик и одговорност. Многу работи се направени претходно, и јас сум благодарна, но уште повеќе работи мораме да направиме итно, сега, нужно, за понатаму да се продолжат – вели Царовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This