Царовска на cocтaнoк co диpeктopитe нa yчeничкитe и cтyдeнтcки дoмoви: Смecтyвaњeтo тeчe вo нajдoбap peд co мaкcимaлнo пoчитyвaњe нa пpoтoкoлитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сместувањето во ученичките и студентските домови тече во најдобар ред согласно планот и протоколите за сместување во овие установи. За овие и за други важни теми денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, разговараше на редовен координативен состанок со директорите на домовите.

„Протоколите се почитуваат максимално од страна на учениците, студентите и персоналот. Засега немаме трансмисија на вирусот во домовите. Се надеваме дека со одговорно однесување заеднички на сите, домовите и интернатите ќе останат безбедни“, рекоа директорите на состанокот.

Министерката Царовска им посака успешна работа и уште еднаш апелираше на доследно почитување на мерките за заштита како и честа дезинфекција и одржување на хигиената во објектите.

„Од сите нас зависи заштитата на јавното здравје. Штитејќи се себе си ги штитиме и нашите најблиски и сите останати. Затоа апелирам на максимално почитување на протоколите во ученичките и студенстките домови“, рече Царовска.

Министерството за образование и наука ги објави листите со примени студенти од втора и повисоките години на студии во студентските домови, а аплицирањето за бруцошите започна вчера.

Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука („ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје), заклучно со 10 септември 2021 година.

Аплицирањето за студентите од прва година на студии започнува на 6 септември и трае до 24 септември 2021 година. За бруцошите се предвидени 1.249 места во студентските домови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This