Царовска не се отkaжува: „Лани немаше трансмисија на kopонавирусот во образовниот процес, останува одлуката за физичко присуствo“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за образование, Мила Царовска денеска информираше дека ресорното министерство останува на одлуката, учебната година да започне со физичко присуство.

-И нашето искуство како држава, во која од прво до трето одделение се одеше во училиште, сите подрачни, помали училишта беа отворени за сите одделенија во основно образование, средните стручни училишта исто така праксата ја одвиваа во училница, се покажа дека трансмисија на коронавирусот во образовниот процес немаше, изјави Царовска.

Таа додаде дека МОН уште во јуни подготви три сценарија.

-Првото сценарио, настава со физичко присуство, е и најпосакувано и секако предложено од меѓународните организации. Училишниот систем се подготвува за него, но секако доколку здравствените власти утврдат дека има потреба за друго сценарио, хибриден модел или дел од учениците да се од дома, дел од училиште, ние сме спремни, потенцира Царовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This