ЦАРОВСКА СЕ РАСПРАВА СО ГРАЃАНИТЕ: Била разочарана од протестите во Тимјаник, граѓаните предупредуваат дека нема услови за децата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изненадена сум и искрено разочарана од реакциите на некои граѓани по повод отварањето на мал групен дом за деца со попреченост во с. Тимјаник, Неготино. Станува збор за дом каде ќе се сместат неколку деца кои на ниеден начин не претставуваат закана за локалните жители, ниту пак ќе влијаат на секојдневито на граѓаните, вели министерката Мила Царовска.

-Овие деца, од кои за жал повеќето се неподвижни, се преместуваат како би имале похумани услови за живот и семејна атмосфера. Жално е што се уште постојат толку предрасуди, но токму против ваквите размислувања силно се бориме. Сакам да им порачам на сите кои се плашат или се загрижени дека нема никаква потреба за тоа. Децата во домот не се никаква опасност за нив или нивните деца, ќе бидат под 24 часовна грижа и нема да им го нарушуваат животот.

Граѓаните речиси без исклучок не се согласуваат кон ваквата одлука на министерството, а за тоа говорат и коментарите на социјалните мрежи.

“Никој свесен и паметен човек на овој свет нема ништо против тие деца, а најмалку граѓаните на Тимјаник имаат нешто против, и во изминатиот период откако се кажа дека тие деца ќе се сместат во просториите на сред село, луѓето од Тимјаник се едногласни во една работа, не дека тие нас ќе ни сметаат, туку ние на нив. Ако до сега тие деца биле научени на мир и тишина, сега ќе ги донесите во една урбана џунгла! А таму буквално е џунгла. Има 24/7 бучава од автомобили, мотори, трактори, камиони. Таму цела пролет и цело лето има џагор од деца и луѓе до најдоцните ноќни часови. Таму секоја есен по два месеци има откуп на грозје и секој кој живее во Тиквешија знае каква е состојбата на патот пред откупните пунктови! Секој што го знае местото на локацијата знае дека е до самиот пат, нема двор, нема ама баш никаков простор за тие деца да излезат на свеж воздух. И што ќе се случи, од една затворена институција ќе ги изнесете и ќе ги затворите во уште полош затвор. Е затоа неможам да се сложам, затоа што секој ден кога ќе поминувам таму ќе носам грижа на совест дали тие деца ноќта мирно спиеја или можеби кога сум поминала со кола сум им го нарушила мирот”, гласи еден од коментарите.
Друг коментар гласи:

“Читајќи ја информацијата сакав да дојдам до поконкретни информации за што се работи. Истражував и верувајте се згрозив од иницијатвата на госпоѓата министерка. Почитувани сограѓани, читајќи ја информацијата за деинституционализацијата на лицата со посебни потреби кои треба да бидат сместени во Неготино и Тимјаник, сакав да дојдам до поконкретни информации за што се работи. Во Неготино и Тимјаник ќе бидат сместени лица кои се целосно физички неподвижни и кои не можат да ги извршуваат своите потреби воопшто. Секоја почит и поддршка за нив. Имав можност да ги видам децата кои ќе бидат донесени и верувајте како човек и како родител се прашувам кои услови им ги нудат на тие деца во просториите каде ќе бидат сместени, дали има во вас госпоѓо министерке и во вас градоначалниче малку човечност и трошка морал. Децата се со тежок хендикеп. Каде ќе ги сместите, во затвор или по цена на вашите проекти госпоѓо министерке ќе си поигрувате со животите на овие деца. На тие деца им треба простор, како во институцијата. Каде ќе ги шетате по патот Дисан – Тимјаник или по индустриската во Неготино. Немојте да си правите експерименти со нив. Прикажете ја реалната слика. Како што велите почитувани сограѓани, наместо да се пренамени објектот во Тимјаник за градинка, да можат младите родители да работат и истовремено да одвојуваат средства за таквите институции госпоѓата министерка ќе профитира од донациите и проектите. На секоја посета во Заводот во Д.Капија, почитувани, госпоѓата министерка била заинтересирана само за проектите кои нејзините невладини организации таму ги реализирале. А се знае и зошто, затоа што таа дојде од невладиниот сектор и истата се самонаградува со проекти чии жртви се лицата со посебни потреби.Ваков ли е животот што Царовска и градоначалникот го ветуваа?!?”

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This