Царовска: Ќе има падови и проблеми на платформата,

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната прес-конференција истакна дека речиси се е подготвено за почеток на новата учебна година која ќе започне утре, иако очекува да се надминуваат предизвиците во текот на целата година, но тоа дека ќе го сторат сите заедно.

Царовска информираше дека за Националната плафторма имало 30 национални обучувачи кои спроведоа обука на 1.600 наставници и резервни наставници коишто понатаму го пренесоа знаењето за користење на платформата на своите колеги во училиштата.

– Предавањата на училишните обучувачи ги одржуваат триесет национални обучувачи кои беа избрани од редовите на наставниот кадар во основните и средни училишта од различни општини во земјата. Мастер тренерите претходно ги поминаа потребните обуки за да може да го пренесуваат знаењето и вештините за платформата – потенцираше Царовска.

Таа потенцираше дека тековно се јавуваат и се надминуваат сите проблеми со националната платформа за учење.

– Наставниците добиваат инструцкии и важно е да ги следат и порталот и веб страницата на министерството за сите нови инструцкии кои се даваат таму и можеме да да имаме добар старт за да се поврзат со учениците и да го одржат класниот час и понатаму да работиме сите заеднички. Го правиме првиот чекор кон дигитализацијата на образованието, рече Царовска.

Најавата за падови во платформата по 27 минута од видеото

Прес-конференција на министерката Мила Царовска

Posted by MИА.mk on Wednesday, September 30, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This