Цароска за учебникот за IV-то одделение: Ми посочуваат дека тоа се реални ситуации од животот кај некои семејства

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за боразование и наука, Мила Царовска, во вечерашното гостување во „360 степени“ зборуваше и за реакциите за учебникот по македонски јазик за четврто одделение за кој имаше забелешки дека несоодветно го третира семејството.

Царовска кажа дека авторката на учебникот и рецензентите ќе ги разгледаат забелешките и

„Добив информација дека авторката и рецензентите заендички ќе ги преразгледаат забелешките согласно реакциите на јавноста, иако тие во прв наврат посочуваат дека тоа се реални ситуации од животот кај некои семејства и дека децата треба да имаат увид и во такви ситуации. Рецензентите, Бирото за развој на образованието и авторката заеднички ќе утврдат што од тој текст ќе остане или нема да остане“, рече Царовска.
Таа додаде дека како Министерство ги следат сите забелешки и реакции и постапуваат по истите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This