ЦАРОВСКА ЌЕ СИ ГИ ФИНАНСИРА НЕВЛАДИНИТЕ: Невладините од кои дојде Царовска ќе добијат државни пари за пишување правилници?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за труд и социјална политика распиша огласи за консултантски услуги за изработка на правилници. Ова по правило е работа на секторите и службите во министерствата, во конкретниот случај на министерството за труд и социјална политика.

Во случајов се поставува прашањето дали министерката Мила Царовска сега сака со државни пари да си ги финансира своите невладини организации преку кои таа и дојде на местото министер за труд и социјала.

Станува збор за следните огласи:

– Оглас за консултантска услуга за изработка на Правилник за условите и стандардите за прифат на барателите на право на азил и нивно згрижување во простор определен од МТСП и Правилник за начинот и постапката на згрижување и сместување на малолетните лица без придружба и ранливи категории на лица

– Оглас за консултантска услуга за изработка на Програма за социо-културна ориентација и медијација

– Оглас за ангажирање на лице за спроведување на проекти активности–Специјалист за нега на деца.

Истите можат да се видат на веб страната на министерството или на следниот линк https://www.facebook.com/MTSPmk/posts/2190537887639609

Дополнително, кога станува збор за правилник за условите и стандардите за прифат на баратели на азил, се поставува прашањето дали ова е знак за интензивирање на темата за интеграција на мигранти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This