Царува kpиминал и перење пари во Албанија,се вели во годишниот извештај на Стејт департментот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во годишниот извештај американскиот Стејт департмент наведува дека Албанија треба уште многу да стори во спречувањето на перењето пари кои доаѓаат од организиран криминал и придонесуваат во зголемување на корупција.

Албанската Влада не постигна значителен напредок во спречување на перењето пари и финансирањето на криминалот во текот на 2020 година. Албанија останува незаштитена од перењето пари поради корупцијата, организираниот криминал и неформалниот сектор, вклучувајќи пари што доаѓаат од странство. Албански криминални организации дејствуваат во Европа и Латинска Америка, наведува Топ чанел телевизија повикувајќи се на извештајот.

Албанија, се наведува понатаму, оствари напредок, во користењето на законот за борба против мафијата, запленувајќи 40 отсто од имотот на едно лице шверцер на дрога наречен „Ескобар на Балканот“, вклучувајќи уште едно лице осудено во Турција за трговија со хероин.

Албанија треба ефикасно да ги спроведува постојните закони и да развива капацитети за соработка меѓу полицијата и обвинителите со фокус на корупцијата, перењето пари и економскиот криминал. Пополнувањето со персоналот на Националното биро за истраги како страна на Специјалното јавно обвинителство (СПАК) е одложено, но продолжува. Тековната правосудна реформа и воспоставувањето на неколку специјализирани полициски тимови за економски криминал ја подобрија ефикасноста во борбата против перењето пари. Сепак, овие напори се попречени од капацитетите и предизвиците на правосудните институции и корупцијата што го задушува владеењето на правото, се оценува во извештајот.

Според телевизијата, во друг извештај за меѓународната трговија со дрога, Стејт департментот наведува дека албанските власти ја зголемиле борбата против производството на канабис и оти ова ги натерало шверцерите со дрога да ја реорганизираат оваа криминална активност во соседните земји како што се Грција или Македонија.

Овие организации за трговија со дрога го шират своето присуство на глобално ниво. Количествата кокаин запленети во Западна Европа се поврзани со албански државјани кои шверцуваат дрога на европските пазари директно од Турција или земјите од Латинска Америка, вклучувајќи ја и Азија, констатира Стејт департментот, пренесува Топ чанел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This