ЦАЦА НИКОЛОВСКА: СЈО е мpтво!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Правниот систем во Македонија треба да продолжи со истражните постапки на предметите кои СЈО не успеа да ги доврши, смета поранешната cyдијка во Европскиот cyд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, според која иако Врховниот cyд донесе начелено правно мислење со кое се запираат истражните постапки на Специјалното јавно обвинитeлcтвo, сепак осомничените нема да се спасат од kpивична одговорност.

Факт е дека сите политички партии се согласија за формирањето на ова обвинителство. Тоа е голем и јак елемент за негово постоење. Со негово минизирање сега, јас се согласувам дека СЈО е мpтвo, сепак нема да може да се ослободат од kpивична одговорност на овој начин. Сепак има правен систем и тој правен систем мора да најде начин предметите во kpивичната област да се процесуираат и на овој или оној начин дојдат до крајно решение, изјави денеска поранешната cyдијка.

Таа ја искритикува одуката на Врховниот cyд велејќи дека тој нема надлежност да го толкува законот, туку таа надлежност ја има единствено Собранието. Во овој случај, додава, нема ниту разлика во cyдската пракса, иако Врховниот cyд на тоа ја темели својата одлука. Ако имало проблем во толкување на Законот, тогаш за тоа требало да одлучува Собранието, или, пак, Уставнот cyд, ако проблем била содржината на законот.

Очигледно дури сега одредени лица смогнале храброст и снага да го направат тоа. Но ако некој смета дека со ова начелно мислење одредени лица ќе бидат ослободени од kpивична одговорност, тоа би било катастрофа во Македонија. Не навлегувам во содржината на правното мислење, ако воопшто тоа е содржина, бидејќи е само препишан текст од Законот за СЈО без да се елаборира, вели Николовска и додава дека во самиот текст на Законот никаде не стои дека е забрането покренување истрага по изминување на 18 месеци од преземање на материјалите.

Поранешната cyдијка Вера Коцо, пак, вели дека и покрај тоа што мислењето на Врховниот cyд е правно неиздржано, сепак, посочува, ќе има влијание врз пониските cyдови.

Врховниот cyд не се залетува по прв пат со вакви правни мислење. И во изминатиот период знаеше да донесе некакви правни мислења и начални ставови, кои не соодветствуваат на правната состојба во нашето општество. Ова правно мислење е штуро и донесено во време кога cyдовите немале различни одлуки, па евентуално да сакаат да усогласат нешто, вели cyдијката Коцо.

Таа сепак додава дека мислењето е донесено од највисокиот cyд во државата.

И поради тоа ќе има влијание врз пониските cyдови. Иако има судии со интегритет, ниеден cyдија нема да се осмели да размислува поинаку од она што е кажано во тоа мислење. А самото мислење нема нешто специјално кажано. Останува работата на пониските cyдови да одлучат како ќе постапуваат, смета Коцо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This