ЦВЕТАНКА ЛАСКОВА ЛАЖЕ: Свекрва каква што секој може да посака, ем милиони за снашката, ем ја оправдува дека не знаела!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако во текот на вчерашниот ден објавивме Фејсбук реакција на сопругата на Горан Михајловски, сопственикот на порталот ,,СДК’’, во врска со грантовите од Фондот за иновации, сега реагираше и советничката на Заев, Цветанка Ласкова. Имено снаата на советничката на Заев за култура Цветанка Ласкова, од Фондот за иновации доби неверојатни 330 илјади евра државни пари.

Ласкова се правда дека немала никаква улога во креирањето на економски политики на влада од ниту еден аспект и додава дека не била именуван функционер туку службеник-советник.

-Во интерес на јавноста, сакам да потенцирам дека јас како советник за култура во Канцеларијата на премиерот, немам никаков пристап во креирање на економските политики на владата од ниту еден аспект, а најмалку во доделување на државната помош. Јас не сум именуван функционер, туку службеник-советник кој извршува професионални работни задачи исклучиво во областа на културата.
Укажувам дека ниту некогаш сум била инволвирана во професионалните ангажмани на членовите на моето семејство, ниту имам намера во иднина да бидам вклучена, ниту пак сум била запознаена со повиците за грабнтови на Фондот и со одлуките кои комисијата на тој Фонд ги донела. Ги повикувам надлежните институции, да се изјаснат доколку постои какво било нарушување на процедурите или пак конфликт на интерес поврзан со мојот професионален ангажман, напиша Ласкова на својот Фејсбук.

Сепак реалноста е дека Јован Деспотовски е директор на Фондот за иновации и технолошки развој е партиски кадар на СДСМ поставен за државен функционер, реалноста е и дека меѓу другото Ласкова е партиски кадар на СДСМ. Веројатноста дека овие високи партиски функционери лично се познаваат е огромна, а со тоа огромен е и сомнежот дека постои корупција при доделувањето на грант на снаата на Ласкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This