April 24, 2024, 12:02 pm

Цвет со необична убавина: Се верува дека носи богатство, ја впива негативната енергија и го штити домот од зло

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антуриумот е познат и како фламинго-цвет бидејќи со својот изглед потсетува на оваа птица, а го викаат и пламенец поради огнената боја на цветот.

Оваа многу декоративна и типична тропска билка потекнува од топлите краеви на Средна Америка.

Антуриумот е еден од најпопуларните тропски цветови и може долго да издржи во вазна – околу шест недели, па дури и повеќе, во зависност од годишното време и сортата.

Домородците од Хаваи сметале дека антуриумот е магична билка која штити од лоши духови додека според древната кинеска филозофија спаѓа во значајно фенг шуи цвеќе. Имено, ова учење истакнува дека антуриумот ги отстранува негативните мисли и ги насочува во вистински правец.

Со други зборови, позитивно влијае врз психата и го враќа доброто расположение.

Поради способноста да ја впива негативната енергија, антуриумот развива љубов и ги чува добрите односи во семејството, а особено се препорачува за паровите чиј брак западнал во монотонија бидејќи може да им помогне да ги освежат чувствата и да ја направат врската повторно возбудлива.

Антуриумот привлекува богатство, но постои еден услов – за да дејствува, во домот мора да живеат добри, чесни и пристојни луѓе; во спротивно, не само што нема да донесе пари туку и самата билка ќе се исуши и ќе пропадне.

Привлечните „восочни“ цветови со срцевидна форма во интензивна црвена боја внесуваат доза на егзотика во секој простор, па затоа не е ни чудно што оваа зимзелена билка за многумина е прекрасен декоративен детаљ. Антуриумот е билка што постојано цути и може да цути со месеци.

Понекогаш се многу тешки, па нивните стебленца мора да се потпрат за да изгледаат поубаво. Можат да достигнат вистина и до 75 центиметри со темнозелени тврди, кожести и сјајни листови кои се големи околу 30 центиметри.

На оваа билка ѝ треба многу сончева светлина, но не директна. Исто така бара и многу влага, односно редовно полевање – секој трет ден во текот на летото, а зимно време доволно е еднаш неделно. Многу е важно и периодичното оросување на листовите со зовриена или отстоена вода. Притоа, внимавајте да не ги намокрите цветовите.

Иако антуриумот го красат прекрасни цветови кои можат да го разубавуваат просторот со месеци, оваа билка е от*овна. Доколку случајно се внесе во организмот, може да доведе до изгореници во дигестивниот систем, болни отоци на слузницата, па и до гушење.

Повеќето симптоми на тр*ење исчезнуваат по извесно време, но сепак препорачливо е да ја чувате надвор од дофат на деца и домашни миленици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This