ЦВЕЌИЊА НИКНАА ВО ДУПКИТЕ ПО БУЛЕВАРИТЕ: Скопјани засадија цвеќиња во дупките кои Шилегов абер нема да ги закрпи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога веќе градските служби не се доволно ажурни да ги санираат дупките на градските булевари, жителите на Скопје се одлучиле симболично, со цвеќиња, да ги „закрпат“ дупките на кои секојдневно наидуваат со своите автомобили. Така, викендов „засадени“ пролетни цвеќиња можеле да се забележат на повеќе градски булевари, начин преку кој веројатно сакаат да му дадат до знаење на градоначалникот Шилегов дека треба да реагира на овие места.

Кога веќе градоначалникот на Скопје јавно објави дека наскоро нема да се градат нови улици и булевари, а можеше и да си дозволи патување во Париз, редно е барем да ги закрпи и санира дупките на постоечките сообраќајници на кои жителите секојдневно си ги оштетуваат возилата. Освен тоа што засади качунки и кокичиња, отвори веќе постоечка автобуски постојка во ГТЦ и раскопа дел од Градскиот парк за да засади нова трева, граѓаните не видоа многу повеќе од градоначалникот во овие 5 месеци.

Уште една интересна слика од викендов која што можеше да се види на улиците на Скопје беше коњот кој граѓаните го забележале како трча на булеварот Партизански одреди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This