ЦЕВКОВОД НИЗ МАКЕДОНИЈА-МАЛО СУТРА: Бугарија и Србија ќарија, Македонија извиси за „Турски тек“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетскиот професор Константин Димитров во напис за за „Дојче веле“ оценува дека изградбата на „Турски тек“ ги урна надежите за цевковод и низ македонска територија и дека за некој иден ваков проект од кој и земјава би имала корист не може да се очекува во – наредните 10 години.

„По официјалниот старт на работата на Турски тек“ и дефинитивно е јасно дека низ македонска територија нема да поминува транзитен гасовод. Или барем не во блиска иднина. Новата реалност генерално не значи ништо посебно за македонските потреби од гас, бидејќи набавката ќе продолжи по стариот терк. Но, дефинитивно не е пријатна, со оглед дека регионот добива не само стабилно снабдување, туку и дополнителен финансиски бенефит:

„Генерално гледано, Македонија останува на истото ниво, ќе добива гас толку колку што ќе може да плати, бидејќи тоа е стока како и се друго. Досега тој гас доаѓаше од Русија, преку Украина, а сега ќе биде низ истиот цевковод, но ќе доаѓа преку Турција, односно преку т.н.‘Турски тек’ којшто влезе по истата цевка назад во Бугарија и нормално ќе може да се транспортира до Македонија. Но сега се овозможи и Србија да влезе сериозно во овој проект. Со тоа и тие добиваат финансиски придобивки, Бугарија си ги стекнува количествата што ѝ се потребни и што ги нема, ние ќе добиваме толку колку што ќе можеме да платиме и купиме, но транспортен цевковод низ Македонија нема да има најмалку во следните десет години“, оценува универзитетскиот професор Константин Димитров за Дојче веле.

Транзитниот гасовод низ Бугарија и Србија ќе им донесе пари од секој кубен метар гас по изминат километар. Односно како еден вид патарина за транспорт. Ова сценарио своевремено беше и македомнска опцијаа, но не вроди со плод поради тактиката на Софија, но и политичките промени во Македонија:

„Претходната влада подготви терен за тоа, но со тоа што Бугарија се спротивстави на тој терминал под притисок на ЕУ и САД, проектот ‘Јужен тек’ пропадна и се создаде ‘Турски тек’ со задоцнување од три години.

Повеќе „Дојче веле

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This