ЦЕЛА ГОДИНА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СВЕТИ НИКОЛЕ НЕ МРДНАЛ СО ПРСТ: Градоначалникот е фокусиран на партиските чистки во локалната самоуправа и партиските вработувања на кадар на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поточно претседателот на Општинскиот комитет на партијата од Свети Николе, Дејан Владев денеска одржа прес конференција по повод точно една година од изборот на новиот градоначалникот од редовите на СДСМ во општината. Од опозицијата обвинуваат дека цела година градоначалникот не мрднал со прст и не реализирал ниту едно предизборно ветување кон гласачите.

-Граѓани на општина Свети Николе, помина цела година откако ја имаме новата локална власт предводена од СДСМ. За време на предизборниот период тие ветуваа многу проекти за доброто на граѓаните на општина Свети Николе, но од ветеното досега нема ништо реализирано, вели Владев.

Тој го потсети градоначалникот на многуте неисполнети ветувања меѓу кои се спортски сали, нови возила за чистење на смет, изградба и реконструкција на градинки и многу други неостварени проекти.

-Ветуваа брда и долини, но освен вработувањата на нови партиски кадри и бркањето на неподобните вработени особено во општинските установи, друго нешто не реализираа, заклучи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This