April 20, 2024, 10:19 am

ЦЕЛА ДА Е: Уште е жив големиот сон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија стигна до втората победа на Европското првенство во Словенија. После почетните два порази против Русија и Турција, синоќа Македонија стигна до херојски триумф против Белорусија, а денеска падна и домаќинот на првенството Словенија.

Македонија водеше во текот на целиот прв сет, претежно со 4 и 5 поени разлика, а кон крајот на сетот Словенија со 5:0 стигна до израмнување. Сепак, со голема желба нашите одбојкари го добија сетот со 24:26.

Вториот сет беше речиси израмнет, но Словенија во неколку наврати водеше со 2 и 3 поени разлика. И повторно драма во самиот финиш од сетот кога беше потребно разлика од два поени за освојување.

Се играше поен за поен, на крајот среќата ги посака нашите репрезентативци кои стигнаа до 28:30 и 0:2 во сетови.

Третиот сет започна со иницијатива на Словенците, но Македонија брзо се врати и направи пресврт и на два пати доаѓаше до 3 разлика.

Сепак, Словенија направи серија од 7:0 и стигна до пресврт 19:15. Словенија продолжи во исто темпо и стигна до освојување на сетот со 25:19 и намаллување на водството на Македонија.

На стартот од четвртиот сет гледавме израмнета одбојка на стартот се до 9:9, кога Словенија одново покажа поголема иницијатива и стигна до 14:10.

Веднаш потоа серија на Македонија и одново израмнување од 15:15. Нашите момци продолжија храбро и со пгромна желба и на крајот успеаа.

Македонија го доби сетот со 24:26 и стигна до втората победа. Со овој триумф нашите одбојкари ја отворија вратата кон осминафиналето,а дали ќе одиме во следната рунда зависи од резултатите на останатите репрезентации во групата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This