ЦЕЛА ДРЖАВА СТАВЕНА ВО ПАРТИСКА ФУНКЦИЈА: СДС брутално го злоупотребува целиот државен апарат во изборни цели!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министрите во Владата на Република Македонија, државните службеници, административците – сите заедно, во работно време, со државни ресурси, учествуваат во изборната кампања на владејачката партија, пишува Република.мк.

СДСМ најавуваше строга динстикција меѓу државата и партијата, но како и се друго што ветуваше, и ова се покажа како голема лага. Дури и планот 3-6-9 на Владата на Заев, според неговите зборови, е базиран на забелешките на Прибе, но досега тоа се покажало како невистина. Клучните препораки на Прибе се однесуваат токму на раздвојување на државата од партијата.

Во поднасловот „Европски вредности“ е забележано „Местото на избраните партии е во Парламентот. Интересот на политичарите и партиите не треба да се меша со јавниот интерес на државата.“ Во делот „Патот напред“, Прибе го споменува и „спојувањето на државата и партијата”, повикувајќи се „на политичка волја и одлучност да воочат недостатоците и да се направат промените“ како услов за „спроведување на препораките на групата”. Делот „Избори“ го  прецизира проблемот на релација држава-партија:„ Некои од набљудувачите покажаа загриженост за несоодветното раздвојување помеѓу државата и партиските активности… неуспехот на медиумите да направат разлика помеѓу покривањето на државните функционери во нивните ангажмани како министри и кандидати, придонесоа кон поткопување на линијата помеѓу државата и партијата…“.

Наместо изделување на партијата од државата и следење на препораките на Прибе, последно што видовме на терен е како министри учествуваат во кампањата. Шеќеринска излезе во Тетово во поддршка на кампањата на ДУИ, а вицепремиерот Анѓушев учетвуваше во кампањата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

„Македонија сe врати на вистинскиот, на европскиот пат, кој ќе и овозможи со европска помош да напредува брзо и на централно и на локално ниво, преку директна помош за државни и општински потреби, водоводи, канализации , пречистителни станици“, порача синоќа министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со жителите на селото Неготино на средбата на жителите од ова село со кандидатот за градоначалник во општина Врапчиште Даут Демири.

Изборна кампања во Врапчиште: Шекеринска и Даут Демири во с. Неготино

Вицепремиерот Анѓушев освен што присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на турската компанија Чагатај Кабло во зоната во Бунарџик, заедно со кандидатот за градоначалник од СДСМ, Максим Димитриевски оствари средба со бизнис заедницата од Куманово, каде што ги објасни мерките на Владата за унапредување и развој на економијата во државата.

Анѓушев и Димитриевски на средба со бизнис-заедницата на Куманово

 

Анѓушев не смета дека го прекршува Изборниот законик со тоа што промовира стимулативни мерки во изборна кампања.

Во однос на средбата во Куманово, се сретнав со бизнис заедницата во градот. Истото го правев и ќе го правам понатаму бидејќи треба да знаеме кои се локалните проблеми на секоја заедница за да може да направиме рамноправни услови за сите. Немам проблем да седнам на маса со секој оној што сака да помогне на домашните фирми, секој што сака напредок. И во Прилеп и во Велес и во Куманово и во секој друг град, вели Анѓушев за Нова ТВ.

И кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ Максим Димитриевски не гледа спојување на државата и партијата, во неговата средба со Анѓушев, при промовирање на економската програма на Владата.

Од почетокот на изборната кампања гледаме како СДСМ грубо го прекршува Изборниот законик и ја става државата во функција на партијата. Во работно време Оливер Спасовски со службено обезбедување и во придружба на државни службеници вработени во Министерството за внатрешни работи остварува партиски активности.

ЌЕ ГИ АПСИ ЛИ ПОЛИЦИЈАТА АКТИВИСТИТЕ НА СДС: Грубо прекршување на изборниот процес во Струмица, со општинско комбе се делат партиски летоци!

КОМУНАЛЦИТЕ ВО КУМАНОВО ВО ПАРТИСКА СЛУЖБА НА СДС: Толку од фер избори без неправилности – полицијата не реагира!

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This