March 29, 2024, 11:56 am

Цела Европа ги одложи пописите, само власта упорно го турка процесот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва, Рашела Мизрахи, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ гостуваше во „Радио Лидер“ каде што се осврна и на пописот како власта упорно го турка процесот во време на КОВИД-19 и во време кога поразвиените држави истиот го одложуваат со цел да го заштитат своето население од вирусот.

„Доколку не се вакцинираат попишувачите, а имаме трансмисија ваква висока трансмисија како резултат на самиот факт дека над 90% од случаите во Македонија од КОВИД се позитивни лица од британскиот тип, тогаш трансмисијата е многу висока и самите попишувачи поминувајќи од едно живеалиште во друго ќе предизвикуваат трансмисија на заболувањето, и тоа е повеќе од факт“, појасни Мизрахи.

Мизрахи додаде дека доколку попишувачите се вакцинирани на некаков начин ќе го намали ризикот на трансмисија, меѓутоа ние не знаеме каков тип на трансмисија може да се случи дали е тоа човек – човек, преку облеката која што се носи, документите, компјутерите.

„Не верувам дека граѓаните така бенигно ќе го примат попишувањето од здравствен аспект. Зошто? За тоа што граѓаните стравуваат. Не ретко гледаме на социјалните медиуми каде што граѓаните велат попишувајте кого сакате, во мојот дом нема да ве примиме“, рече Мизрахи.

Мизрахи запраша каков ќе биде резултатот од пописот кога граѓаните се плашат и велат јасно и гласно дека попишувачи дома нема да примат.

„Граѓаните се плашат да се попишат не поради политичкиот аспект туку буквално поради здравствениот аспект. Еве пример сега ќе ви посочам, граѓани од еврејската заедница во Република Македонија брои 198, повеќето од нив се во поодминати години и се повозрасна категорија, што ова треба да значи, ние знаеме колкав е бројот на членови во еврејската заедница, колкав број на граѓани се Евреи во Македонија, меѓутоа ако ова попишување треба да излезе со резултат 198 меѓутоа починале 50 недај боже, што е користа тогаш од ова попишување. Зар треба да се загрозува животот на граѓаните? Непотребно, апсолутно непотребно е сега во време на КОВИД-19 да се загрозува животот на граѓаните за попис, кој што може да барем сега да се одложи додека трае бранот“, истакна Мизрахи.

Мизрахи посочи дека пописите се одложија во цела Европа, може и кај нас да се одложи.

„Да, потребен е попис, но тоа не значи ние да го ризикуваме животот и здравјето на граѓаните поради попишување оваа година и во овој момент“, нагласи Мизрахи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This