ЦЕЛОВЕЧЕРНИ СУДСКИ ПИЈАНКИ: Вработени и судии во Кривичниот суд цела вечер лумпувале со осуденици и обвинети во кафана!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извори од основниот суд Скопје 1 потврдуваат дека главна тема во судот не се предметите и судењата туку се уште е новогодишната прослава организирана од новото раководство на основниот суд Скопје 1

Како и досега, вработените во Основиот Суд Скопје 1 ја продолжиле традицијата прославувајќи го крајот на годината во некој од скопските локали, подалеку од очите на јавноста.

Вообичаена пракса досега било да се резервира одреден локал каде што судиите, дактилографите и останатите службеници би ја прославиле Новата година, подалеку од очите на јавноста и граѓаните заради специфичноста на функцијата што ја имаат. Освен тоа што не е соодветно да се опуштаат премногу со странките на кои што треба да им делат правда, судиите имаат и законска обврска да го претставуваат достоинството и интегритетот на институцијата во која работат, како и забрана за блиски контакти со лица кои се наоѓаат или се наоѓале во процес во кој тие биле судии.

Оваа година било исто. Било резервирано едно познато скопско кафуле кое се наоѓа зад објектот на МОБ. Сепак на општо изненадување, откако се собрале судиите во кафулето влегол коалициониот партнер на Зоран Заев, екс-министерот кој на снимките кои се појавија на интернет тргуваше со името за 100.000 евра, Љубе Бошкоски со сопругата. Веднаш му било отстапено најдоброто место на шанкот и почнала дружбата со „независните судии“.
Практично целата нова постава на новиот претседател на ОСС 1 Иван Џолев дошле на „баци рака“ кај Бошкоски. Според информациите до кои дојдовме, највеќе се истакнала службеничката Кристина Аврамовска која е експресно унапредена во советник за човечки ресурси во одделение каде што нема доволно обврски за ниту еден вработен, а во моментов претседателот си има поставено двајца.

Вториот кој што е поставен во тоа одделение е Горан Стаменковски кој што обвинуваше за мобинг, а всушност се закануваше како истурена рака на шарената револуција и СДСМ за што заработи и обвинителен предлог. Според документите објавени на повеќе медиуми, Стаменковски е обвинет за „загрозување на сигурноста“ на Паула Костадиновска која исто така е вработена во судот како портпарол.

Најскандалозно во целата прослава е тоа што Бошкоски е осудено лице кое одлежа затвор за нелегално финансирање на кампањата, а вториот предмет за кој се гони, случајот Ровер е вратен на повторно судење.
Прашање на време е кога новото раководство на основен суд Скопје 1 ќе почне да организира „пијанки“ и со разни Бајруши, Агими и останати криминалци и дилери или одредени осуденици ќе бидат повластени и ќе мора да си платат за дружба со судиите.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This