ЦЕЛОСНО ГИ ПОМЕША БРЗИНИТЕ: За Заев крајот на октовмри сега биле редовни избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За само неколку денови премиерот Зоран Заев повторно го смени ставот околу изборите и дали тие ќе бидат редовни или предвремени. Иако минатата недела тврдеше дека октомври за него се предвремени, денеска тврди нешто друго.

Редовност на изборите е редовност на општеството. Обезбедувањето предвидливост на стопанството е важна работа, па според мене, на нашата земја ѝ требаат редовни избори. И на крајот на октомври за мене се редовни избори – рече Заев.

Дали изборите во октомври догодина е важно за формирање на Техничката влада.

Термините за одржување на парламентарни избори се јасни. Пржинската влада мора да се формира 100 дена пред нивното одржување. Последните парламентарни избори беа одржани на 11 декември 2016 година. Според тоа, секој рок од први октомври до 31 декември 2020 година се смета како термин за редовни парламентарни избори и во тој случај Собранието нема потреба да се самораспушти

Доколку власта остане на ставот дека изборите во октомври следната година се предвремени, тогаш според Уставот важат скратени рокови и во тој случај Пржинската влада ќе биде со скратени рокови , односно најмногу до 60 денови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This