April 27, 2024, 12:00 am

Целосно затварање во Бугарија: Се затвараат училиштата, рестораните, продавниците и сите спортски натпревари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија има намера да затвори училишта, ресторани и продавници и да ги забрани сите спортски настани, приватни забави и екскурзии за да се спречи ширењето на вирусот. Тоа го изјави денеска министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов.

За тие мерки ќе се разговара в среда на седница на владата со цел да се спречи целосен колапс на здравствениот систем на државата. Од почетокот на пандемијата во таа држава има 121.820 случаи на заразени со Ковид-19 во држава од седум милиони.  

„Колку и да сте подготвени, нема таков здравствен систем што може да издржи таков притисок. Не можеме да со дозволиме да ни умираат млади, стари луѓе, учители, лекари“, изјави тој

Во изминатите 14 денови во Бугарија починаа 2.880 луше од последици на новиот коронавирус. Според планот, од 27 ноември во Бугарија училиштата и факултетите ќе преминат на онлајн настава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This