“ЦЕЛ ЖИВОТ ГО ПОДДРЖУВАВ БРАТ МИ, НО ВЕЌЕ НЕ МОЖАМ”: Ние сме сега два одвоени света, тажен сум поради тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цел живот го поддржував брат ми, но веќе не можам, рече принцот Вилијам во првата изјава откако принцот Хари и неговата сопруга Меган одлучија да се откажат од сите кралски должности и со тоа го шокираа кралскиот двор.

 

 

 

Војводата од Кембриџ рече дека е тажен заради одлуката на принцот Хари да се одвои од кралското семејство и затоа што кралското семејство „ веќе не е екипа”, наведува „Сандеј тајмс”.

Цел живот го поддржував брат ми и го штитев, но веќе не можам. Ние сега сме два одвоени света. Тажен сум поради тоа. И се што можеме да направиме, се што можам да направам, е тоа да ги подржиме и да се надеваме дека ќе дојде денот кога повторно исто ќе мислиме. Сакам сите да бидеме во една екипа, му кажал Вилијам на еден свој пријател.
Британското кралско семејство утре ќе се состане за да ја разгледа натамошната иднина на војводата и војводката од Сасекс, откако двојката во средата соопшти дека ќе се повлече од должноста на „виши” членови на кралското семејство и ќе стане финансиски независна, пишува британскиот весник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This