ЦЕЛ СВЕТ ЗБОРУВА ЗА МЛАДЕНЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА: Инсистирале гостите за подарок да им го донесат ова..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прекрасно е чуството кога радоста и среќата ќе се споделат со некој друг велат младенците Ана и Игор Стојанов кои ги изненадиле гостите на својата венчавка кога ги замолиле наместо цвеќе и бомбониери, кои вообичаено се носат со свадбените подароци, да донесат детски играчки и сликовници.

Тие сите тие играчки ги донирале за Заводот за рехабилитација на децата со оштетен слух, говор и глас во Битола, каде што живеат и самите.

„Чуството кога радоста и среќата се споделуваат е прекрасно. Токму затоа јас и мојот сопруг Игор одлучивме по пат на свадбените покани од нашите гости да побараме наместо букет цвеќиња или бомбониери да ни донесат детски играчки, боенки, сликовници за да можеме да ги донираме на Заводот за рехабилитација на децата со оштетен слух, говор и глас во Битола. Морам да признаам дека гостите не изненадија пријатно со позитивните реакции и голем број на играчки кои ги донесоа за децата на кои подоцна им ги подаривме.

Радоста и насмевките на нивните лица ги исполнија нашите срца а тоа чуство не може да се опише со зборови. Желбата ни е овој наш гест да биде поттик на сите останати кои планираат да стапат во брак да направат нешто слично, добро и хумано“, изјавила Ана за Битолски весник.

Децата и вработените во Заводот не го криеле воодушевувањето од подароците кои ги добиле од новопечените младенци и нивните гости.

Оваа приказна брзо се рашири по социјалните мрежи и веќе е топ тема и во медиумите од регионот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This