March 28, 2024, 10:23 pm

ЦЕНАТА ЗА „ШПАНСКИТЕ СКАЛИ“ БИЛЕ 1500 ЕВРА КВАДРАТ: Не биле багателни цени како што вели ОЈО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанијата „Амадеус девелопмент“ плати 1,590 милиони евра за локацијата на скопскиот плоштад. На електронско јавно наддавање кое се одржа во 2013-та година за локацијата од 1.046 квадратни метри „Амадеус девелопмент“ ја крена цената на над 1.500 евра за еден квадратен метар. Почетната цена беше 100 евра за еден метар квадратен.

Останува нејасно како за Основното јавно обвинителство е оштeтeн буџетот ако се земе предвид дека ова беше најскапо платената аукција за државно земјиште во Македонија, додека имало случаи кога земјиште во cтрогиот центар на градот Скопје било продавано и по цена од 25 евра за метар квадратен.

На оваа локација (пред ГТЦ) беше предвидено да се гради деловен објект по претходно готово идејно решение подготвено од Владата на Република Македонија во барокен стил. Планирано беше објектот да биде висок 16 метри и да има 3.780 квадратни метри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This