ЦЕНАТА НА НАФТАТА ЌЕ РУШИ РЕКОРДИ: Банката на Америка предвидува дека нафтата ќе достигне 100 долари за барел во 2019 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подгответе се за скок на цените на нафтата до 100 долари за барел – ниво кое не е видено од 2014 година, прогнозираат аналитичарите на Банката на Америка.

Банката на Америка објави дека нафтата вчера достигна цена до 78 долари, се очекува да достигне цена од 90 долари во вториот квартал во 2019 година, а во зависност од геополитичките движења и други фактори, постои ризик да достигне до 100 долари за барел.

“Постои и ризик од нафтата да достигне 100 долари за барел “, вели Франсиско Бланч, стратег за стоки и деривати во извештајот на банката објавен во средата.

Извештаите укажуваат на тоа дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги врати санкции против Иран и падот на производството на нафта во Венецуела дополнително ќе ги качи цените на глобалните пазари на нафта.

“Во следните 18 месеци, очекуваме глобалното снабдување со нафта да се намали водено од тековниот колапс на извоз на нафта од Венецуела. Покрај тоа, постојат и ризици за пад на иранскиот извоз на сурова нафта. Плус ние гледаме голема веројатност дека ОПЕК ќе работи со Русија во 2019 година за да се постави лимит на најниската цена на нафтата “, пишуваат аналитичарите.

Британската банка Барклис се согласи со проценката на Банката на Америка, нагласувајќи дека цените на нафтата може да реагираат на повлекувањето на САД од договорот со Иран, како и на очекуваните избори во Венецуела, кои “ја зголемуваат неизвесноста”.
Додека Банката на Америка стана првата банка на “Вол Стрит” која предвиде дека ќе се врати цената од 100 долари за барел, “Голдман Сакс груп” предвидува дека цената би можела да достигне цена од 82,50 долари за барел до лето, но очекуваат цената на нафтата повторно да се намали во 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This