ЦЕНЗОРОТ ОДАМНА БЕШЕ ПРЕПОЗНАЕН: Зошто никој не скокна кога беше цензурирана емисијата на Миленко Неделковски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Влетувањето на директорот на Агенцијата за медиуми Зоран Трајчевски на седницата на ад-хок телото формирано како резултат на Пржинскиот договор за контрола на медиумите во земјава, предизвика силни реакции во новинарската фела, особено откако беше откриено дека токму директорот ултимативно барал да бидат казнети токму Сител ТВ и ТВ Нова

За ваквите тенденции на Зоран Трајчевски, кој согласно неговата послушничка улога од една амбасада која е поставена на еден рид во Скопје, во текот на месец април оваа година се обиде да ја цензурира и емисијата на Миленко Неделковски, во која тема на разговор беше колективната аболиција на политичари и бизнисмени од страна на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.

Уште тогаш, како што неофицијално дознаваме токму Трајчевски бил тој кој по наредба од амбасадата барал до телевизијата на која се емитува емисијата „Миленко Недековски Шоу“ да бидат цензурирани деловите каде што се споменуваат амбасадорот на САД, ЕУ, Велика Британија и слични, но и цензура на генерични зборови како „евреи, американци, геноцид итн“.

Според она што го дознаваме, кога било реагирано кај Трајчевски поради погрешната одлука за цензура неговиот одговор бил „Абе, остај – да им покажеме на Американциве дека работиме нешто!“.

Тогаш, немаше вакви силни реакции, особено не од оние сега директно засегнати од неговото полтронство.

Како што најавија и во редакцискиот коментар на Сител ТВ, во наредниот период ќе се обезбедат докази за работењето на Трајчевски како директор на ЕМО Охрид, но и за потрошените пари за помош на поплавените во Скопје на почетокот на Август оваа година.

За да им помогнеме во истрагата, ние редакцискиот колегиум од iNFOMAX.mk ги упатуаваме колегите од Сител ТВ да обезбедат и информации за тоа како се потрошени преку 300.000 евра добиени од фондовите на Владата на САД (УСАИД), за Агенцијата за медиуми.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This