ЦЕНЗУРА НА ТЕЛМА: Телма се автоцензурираше – укинатo шоуто “Еден на еден”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гледачите упорно ја чекаа, ама не ја дочекаа… Телевизија Телма ниту во неделата, ниту потоа не ја емитуваше новата епизода од забавното ток шоу „Eден на еден“, иако истото беше најавено, а во него гостуваат актерите од серијата „Фамилијата Марковски“. Токму поради тоа истото привлече големо внимание, а гледачите очекуваа „скокотливи“ прашања од водителот на „жешкото столче“ на кое требаше да ја видиме споменатата актерска екипа. Арно ама… дали Телма заклучи дека за „чепкање кај што не треба“ не е време, па се автоцензурираше, цензурирајќи го Жаре, или некој од надвор им „дошепна“ да НЕ „р’чкаат мечка“ среде кампања за втор круг Локални избори… само менаџментот знае!?

Од продукцијата пак на „1 на 1“ се огласија само со кусо соопштение на нивната официјална Фејсбук страница:

„Поради тоа што упорно ни ѕвонат телефоните и ни се полни инбоксот, ве известуваме дека денешната емисија е снимена, измонтирана, однесена навремено во ТВ и искрено супер епизода! Сепак, вечерва како што гледате нема нова Еден на Еден на Телма. Ќе пишеме што е, како е, кога ќе имаме повеќе инфо“ – објави „Eден на еден“ во првичното соопштение, по што набргу се појави и ново:

„Девојки и момци, интернет и ТВ публико, поради принципиелни несогласувања, Сезона 9 нема да се емитува повеќе на Телма. Им благодариме за досегашната супер соработка и до следната им посакуваме се најдобро.
Ви благодариме и вам за еден тон пораки и јавувања од типот: Абе каде сте, зошто ја немаше епизодата… и слични. Stay tuned, да видиме што ќе правиме следно“ – напишаа од продукцијата на нивниот Фејсбук профил!

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This