April 25, 2024, 10:53 am

ЦЕНЗУРИРАЊЕТО ГО ПЛАЌА БРИТАНСКАТА АМБАСАДА ВО МАКЕДОНИЈА: Фирмата „Стратагем“ ќе добие пари од Британската амбасада за цензурирање на медиуми и активисти во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатата фирма за стратегиски комуникации од Северна Ирска, „Стратагем интернешнл“, ќе ѝ помага на Владата во спроведување на кампањата од јавен интерес за референдумот да биде успешен, потврди и весникот „Независен“ откако минатата недела „Инфомакс“ објави детали за компанијата која цнзурира социјални медиуми и активисти поврзани со движењето Бојкотирам

Основачот на странската компанија Стратагем чија основна функција е перење на мозоци, Рајан Гоун и официјално пристигнал во Македонија. Неговото пристигнување во државата соодветствува со цензурата на неколку медиуми и лични профили на Фејсбук и Твитер во текот на изминатата седмица.

Двете страни, како што потврдуваат од Владата, деновиве потпишале меморандум за соработка за консултантски услуги кои ќе овозможат успешна јавна комуникација со граѓаните. За услугите Владата нема да издвои ниту денар од буџетот. Финансискиот товар, според информациите, ќе падне врз грбот на амбасадата на Велика Британија.

Од она што може да се прочита од интернет-страницата на „Стратагем“, станува збор за стратегиски консултант за политички работи и комуникации со богато искуство во работењето низ целиот свет. Специјализирани се за сложени и несигурни средини.

Ексклузивно дознаваме дека дури 157 лица работат на подмолниот план за цензура и спроведување на едноумие во Македонија, пред и после референдумот за самоукинување и уништување на Македонија закажан на 30-ти септември. Целта е јасна, а тоа е замолчување на сите оние противници на капитулантскиот договор за промена на името. Покрај нашата Фејсбук страна во текот на денешниот ден, беа блокирани и неколку други Фејсбук страници на опозициски медиуми, како и блокирани лични Фејсбук и Твитер акаунти, на видни опозиционери. Според нашите информации, милионски суми покрај оние од буџетот и џебот на граѓаните се алоцирани за создавање на медиумски мрак во Македонија за време на кампањата за референдумот.

РЕЖИМОТ АНГАЖИРАЛ СТРАНСКА КОМПАНИЈА ЗА ПЕРЕЊЕ МОЗОЦИ: ,,СТРАТАГЕМ” е комапнија која за милионски суми цензурира опозициски медиуми и граѓани

КОЛКУ ЧИНИ ПЕРЕЊЕТО МОЗОЦИ: #Бојкотирам прашува колку чини перењето мозоци преку фирмата „Стратгем“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This