ЦЕНЗУС ЌЕ ИМА: А следниот претседател ќе биде Гордана Силјановска Давкова!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Независен вели дека е убеден дека ќе биде исполнет цензусот во вториот круг на претседателските избори и дека професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата.

-Jас лично не можам да му верувам на Зоран Заев, затоа што тој досега бpyтално се коцkа со вистината, а можам да кажам и дека ретко кога ја говори. Не би можел да се потпрам на тоа што тој го изјавува. Но, доколку вие сега претпоставувате некое сценарио, што доколку нема доволен број излезени гласачи, ќе треба да седнеме и да видиме како понатаму. Јас сум убеден дека ќе има доволно гласачи, дека ќе има цензус и дека професорката Силјановска-Давкова е идниот претседател, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

„Јас би ви дал еден совет – овој тип политичари, кои често знаат да се коцkaат со вистината и најчесто не ја говорат, да не ви бидат поткрепа во градењето на ставовите и во перцепцијата на реалноста. Премиерот требаше да нè послуша и да распише предвремени избори. Се сеќавате на неговата театрална изјава дека ќе нè cмaчкал на избори, сега гледаме дека некој друг е згaзeн на овие избори. И тоа е вистината зошто не се охрабри заедно со претседателските да распише парламентарни избори, како што беше случај во 2009 со локалните избори и во 2014 година со парламентарните. Тогаш, претпоставувам, немаше денес да разговараме на оваа тема.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This