ЦЕНОВЕН ШOK СЕПАК ЌЕ ИМА: Од ноќеска повисоки цени на нафтата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ на бензиските станици на „Макпетрол“ ќе се продаваат по повисоки цени. Зголемување, како што соопштуваат од компанијата, е поради зголемувањето на цената на нафтените деривати на светските берзи.

Како што соопштуваат од компанијата од ноќеска Ултра 95 ќе се продава по цена од 72 денари за литар, Ултра 100 по 74 денари, Дизелот по 66 денари, Био дизелот 67 денари и екстра лесното по 54,50 денари.

Од компанијата претходно најавија дека тие ќе ги формираат малопродажните цени доколку тоа не го стори Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги одреди цените согласно новото законско решение кое веќе е донесено.

-Законот е донесен, останува на Регулаторна комисија да ги одреди цените на горивата, доколку пак Регулаторната комисија не ги одреди, тогаш сме подготвени да ги одредиме, посочија од команијата при најавувањето дека од утре ќе бидфе пуштена во употреба реновираната бензиска станица на влезот во Куманово.

Од „Макпетрол“ најавија дека ќе ги модернизираат и останатите станици во државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This