April 19, 2024, 10:55 am

Центарот на Скопје ќе биде затворен за време на посетата на папата Франциск

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 7 мај за време на посетата на папата Фрањо на Скопје, затворен за сообраќај ќе биде центарот на градот односно појасот „Голем ринг“ од 6 часот наутро до 19 часот попладне. Посебни правила ќе бидат воведени и за движење на пешаците низ градот, како и на трасата кога папата ќе се движи од Меѓународниот аеродром Скопје до центарот на градот и обратно односно до 7.30 до 8 и од 17 до 18.30.

Во центарот на Скопје ќе се формира т.н. рестриктивна зона на движење, во која за автомобили целосно ќе бидат затворени улиците 11 Октомври од крстосницата со булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улицата Димитрие Чуповски и улиците Даме Груев, Македонија, Васил Главинов, Филип Втори Македонски, Свети Климент Охридски и улицата Иљо Војвода.

,,Министерството за внатрешни работи го задржува правото за стопирање на сообраќајот во кратки временски интервали и на други сообраќајници, во времето на движење на папата низ Скопје. Aпелираме до граѓаните на стрпливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и наредбите што ги издаваат полициските службеници“, велат од Министерството за внатрешни работи. Граѓаните коишто живеат во централното градско подрачје, во зоната Голем ринг, доколку сакаат да ги користат возилата на 7 мај, треба да ги извадат надвор од рестриктивната зона еден ден порано односно на 6 мај понеделник. Доколку тоа не го сторат колите нема да можат да ги извадат од зоната за време на посебниот сообраќаен режим.

Од Координативното тело за посетата на папата Фрањо информираат дека сите паркиралишта низ градот ќе бидат бесплатни од 17 часот на 6 мај и во текот на целиот ден за време на посетата на папата. На 7 мај бесплтен ќе биде и автобускиот превоз.

„Апелираме до сите граѓани кои живеат на територијата на Град Скопје, на 7 мај да го користат јавниот автобуски превоз при одењето кон своите работни места и да избегнуваат користење на автомобили, велат од Координативното тело за посетата на папата на Скопје.

Папата Фрањо при посетата на Скопје ќе одржи литургија на Плоштадот Македонија која ќе почне во 11.30 часот, ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза на улица Македонија, а ќе има средба со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и претставници на сите верски заедници во земјава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This