ЦЕНТАРЦИ СО РЕАКЦИИ: Требаше парк, а не 60-катници на паркингот пред „Холидеј ин“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската иницијатива Во одбрана на Дебар Маало смета дека на паркингот пред хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје треба да има парк, а не две шеесеткатници, како што е според урбанистичкиот план.

Одлуката на владата да го продаде земјиштето со цел да се изградат 60 – катници е противуставна исто како и изградбата на трговскиот и станбен простор од страна на „Лимак“ на Јужен булевар. Во моментов на граѓаните на Центар прегазено им е уставното право да живеат во здрава животна средини (Скопје е најзагаден европски град) и одлуките кои не одат во прилог на воспоставување на нормални услови за живот се противзаконски. За ваквите одлуки владините функционери и локални власти во иднина ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, сметаат активистите на здружението Во одбрана на Дебар Маало.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески пред два дена изјави дека продажбата на парцелата за објектот што се најавува дека ќе се гради кај паркингот спроти хотелот Холидеј ин во центарот на Скопје и постигнатата продажната цена за земјиштето од 300 евра за метар квадратен е во согласност со Законот за градежно земјиште.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This