„Цепам дpва за 100 ден. kубиk“ – ха ха, каков сељак, еј мамо, дај 100 денари за кафе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред некој ден налетав на оглас на Фејсбук. Имено, едно момче во некоја од групите со огласи напишало дека цепи дрва за 100 ден од кубик. Го оставило и својот телефонски број за контакт. Неверојатно, но ова наиде на потсмев од одредени луѓе во мојата близина. Верувам дека и на интернет е приказната е слична. Некои „паметни“ се обиделе да го омаловажат момчето кое сака чесно да заработи.

Наместо да го поздравиме овој гест во денешно време кога некој сака да заработи нешто со сопствените две раце без да бара помош од другите, ние се смееме. Како ова ни стана смешно?

Смешните, и воедно тажните, се всушност исмејувачите. Оние мали паразити што немаат заработено ниту еден денар и сè уште бараат 100 денари за кафе и обложувалница од своите родители дома на 20 и кусур години. Што уште одбиваат да си наместат кревет, да си зготват појадок, да научат како се пушта машина за перење … мислам зошто ти е сето тоа, мама е тука.

Смешни се и принцезите кои го прават истово ова. Оние што немаат никаква способност и амбиција да постигнат нешто самите. Освен помошта од мама и тато и пустите надежи да се најде добро поткован дечко што ќе ги спонзорира и ќе ја храни нивната ненаситност за скапа облека и накит.

Смешни се новопечените богаташи. Оние кои наследиле пари од дедо и од тато и успеале милионот да го преполоват на половина со својот најнов попупропаднат бизнис. Браво за вас.

Смешни се криминалците, тие што фаќаат скратени патчиња во обидот да се збогатат преку ноќ, па не знаат што попрво со парите. Моментот кога сите комплекси и фрустрации испливуваат на површината со желбата да се покажеш и докажеш пред другите.

Толку многу работи се смешни и патетични, освен ова момче со огласот. Ова момче се за пофалба. Вие погоре набројаните сте јадни. Продолжете да живеете во својот убав, розов меур каде што фрчат пари, а вие сте безгрижни.

Да не даде Господ да се симнете до дереџето на момчето кое се обидува да заработи малку пари. А тогаш, помолете се барем да сте подеднакво способни во работата колку што сте во осудувањето исмејувањето на нечија туѓа мака.

CRNOBELO.com

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This