Цеца Ражнатовиќ вчера на 29 септември заедно со својата ќерка Анастасија се врати во Србија, откако пееше на една ромска свадба во Рим, Италија.
Фолк-ѕвездата на белградскиот аеродром пристигнала во тренерки, патики „Баленсиага“, маска на лицето, темни очила, а на глава ја ставила капата од тренерката.
На прашање на новинарите како си поминала, рекла: „Супер!“, а потоа одговорила на тоа дали била исплашена поради пандемијата.
– Јас имам и антитела. Не сум во никаков паничен страв, знаете и од минатиот пат. Но, нормално, носам заштита. Еве, во Рим ние две се шетавме по градот. Луѓето се дисциплинирани, носат маски. Кога влегувате во продавници, ресторани… Како и во Белград – рекла Цеца и потоа се упатила кон автомобилот кој ја чекал пред аеродромот.
Станува збор за бел автомобил од марката БМВ Х7, кој чини околу 140.000 евра