April 27, 2024, 12:05 am

Цеца со два концерти во Македонија: Се радувам на дружењето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Балканската турбо фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ им се враќа на концертите, по паузата поради корона вирусот, и ја објави својата агенда на настапи. Во неа, пејачката најави дури два концерти во Македонија летово, односно еден во Охрид на 14-ти август и во Пробиштип на 21-ви август, за време на Денот на рударите.

-Се радувам на дружењето, напиша Ражнатовиќ, која и во минатото беше честа гостинка кај нас, за време на општински манифестации, но има одржано и концерти во Вип Арена ,,Борис Трајковски,, во Скопје.
– Advertisements –

Нејзините настапи во земјава остануваат запаметени како едни од најпосетените, на кои редовно пејачката со развејува македонското знаме на бината, но важат и за едни од најскапо платените, со хонорар од околу 40 илјади евра за двочасовен настап.

За најавениот концерт во Охрид, нема детали кој е организатор и каде ќе се одржи, но за настанот во Пробиштип, кој е закажан за време на општинската манифестација Ден на рударите, која се празнува од 21-ви до 28-ми август, најверојатно Цеца ќе настапи на плоштад, како главна музичка ѕвезда.

Нејзиниот последен концерт во земјава се случи на 21-ви септември во Штип, во 2019 година, на манифестацијата Пастрмајлијада. Во штипски хотел, каде беше сместена, беше дочекана со кревет прекриен со рози, а видео снимки од дочекот се споделуваа на социјалните мрежи.

Во Штип пееше и четири години пред тоа, на истата манифестација. Во јули 2019 година, таа беше главна музичка ѕвезда и на општинската манифестација Пивофест во Прилеп, и тогаш организирано од повеќе градови, десетици автобуси со посетители заминаа на нејзиниот концерт.

Во 2018 година, во Кавадарци на манифестацијата Тиквешки гроздобер го урна рекордот на посетеност во градот, и собра десетици илјади публика на градскиот плоштад.

Речиси да нема општинска манифестација на која Ражнатовиќ не настапила како главна ѕвезда.
Нашите музичари пак, кои велат дека едвај ја преживеале финансиски корона-кризата, поради забраната за настапи, не се среќни кога нивни колеги од регионот доаѓаат во земјава и добиваат неверојатни хонорари за своите настапи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This