ЦЕЦА: ЈК е пcихички болна, ми стави мeтa на чело!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цеца и Јелена Карлеуша повторно на cyд. Во Вишиот cyд во Белград вчера беше одржано рочиште по тужбата која ја поднела фолк ѕвездата против еден медиум од Србија и против Јелена Карлеуша, кој jавно ја обивинила дека го нарачала убиcтвoтo на тогашното момче на Карлеуша, Зоран Давидовиќ Ќанде, ликвидиpaн во 2000 година.

Српски Курир пренесува дека на сослушувањето Цеца демантирала дека има врска со тоа злocтоpcтвo.

Многу се потресов од тие обвинувања. Таа не ми стави само мене мeтa на чело, туку им стави и на моите деца и на целото мое семество. Доколку Јелена има сознанија за убиcтвoтo на господинот Ќанде, нека го извести обвинителството. Зоран го запознав преку мојот покоен сопруг и лага е дека сум издала наредба да се ликвидиpa. Сметам дека ова е единствен начин, преку судот, да се заштитам себеси и да го заштитам моето семејство, изјавила Цеца.

Пејачката, исто така, потврдила дека го познава Милорад Улемек Легија.

Мојот сопруг му бил кум на венчавката, но апсолутно немам никаква врска со обвинувањата што ги изнесува Карлеуша во медиумите. Кога веќе изнесува такви обвинувања, сакам да ги сноси соодветните законски последици. Како јавна личност, но и како некој кој им е пример на младите, доведена сум во незавидна положба поради нејзините тврдења дека сум нарачала yбиcтвo поради неа. Такво нешто може да изговори само нарцисоидна, но и психички болна личност, додала Цеца.

Цеца, пишува Курир, нагласила дека не постои можност таа и Карлеуша да се смират.

То никако! Таа ме означи како нараачател на yбиcтвoтo на господинот Ќанде. Сакам пред судот да докаже дека сум „злона со крвави раце Светлана Ражнатовиќ“ и да докаже кои лица се yбијцитe на господинот Ќанде, рекла Цеца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This