ЦИА ИСПРАЌА БРОД ПОЛН СО ОРУЖЈЕ ВО КОСОВО: Брод со контејнер полн со најново вооружување за опремувањето на косовската војска е на пат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Брод со контејнер полн со најново вооружување за потребите на опремувањето на косовската војска е на пат преку Атлантикот до пристаништето Драч во Албанија, пишува српски Новости.

Според тврдењата на весникот, оттаму опасниот товар ќе биде префрлен до косовските безбедносни сили. Како што понатаму тврди Вечерње новости, повикувајќи се на информации на српските безбедносни служби, „конспиративниот аранжман е во рамки на сценариото на Приштина за преземање на контролата врз северниот дел од покраината“.

Покрај тоа, според Новости, српски оперативци дошле до информации дека косовската тајна служба во јужниот дел на Косовска Митровица поделила автоматски пушkи на поранешни и актуелни соработници, како и на други лица од „државните институции“ кои се обучени да ги користат.

„Оваа пеколHа игра која зад завесите ја води Америка се вклопува и во плановите на приштинските власти кои планираат до 14 декември, кршејќи ги сите договори, да формираат „воjска на Косово““, наведува весникот.

Наводно и идејата за воведување дополнителни такси на стоката од Србија дошла од Вашингтон, тврди весникот. „Тие преку (косовскиот претседател Хашим) Тачи и неговиот министер во косовската влада Ендрит Шала го предложиле воведувањето на таксите, за да го испровоцираат (косовскиот премиер Рамуш) Харадинај да преземе уште порадикални мерки“, изјавил неуменуван извор за белградскиот весник.

Тоа според него требало да предизвика реакција на Белград и да доведе до ограничен коHфликт на северот на Косово.

„Поради тоа Приштина бара КФОР да го засили присуството на северот и херметички да ја затвори „границата“ кон Србија, наводно со цел спречување шверц на стока“, тврди изворот.

Новости додава и дека Приштина планира, во случај на евентуално влошување на безбедносната ситуација поради отпорот на Србите, да изврши целосна блокада на северот на Косово и со помош на КФОР да ги затвори премините Брњак и Јариње.

Покрај тоа се бара и, во случај Белград како контрамерка да го прекине водоснабдувањето од Газиводе, во негово име да ја преземе контролата врз стратегиски важното езеро, тврди Новости.

„Со тоа би ја оствариле целта – контрола врз целата територија на Косово и Метохија“, заклучува весникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This