ЦИА ЈА СИМНА ОЗНАКАТА ЗА ТАЈНОСТ НА 13 МИЛИОНИ СТРАНИЦИ: Објави таен документ за НЛО над Хималаите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Објавените податоци меѓутоа не се однесуваат само на вообичаените аналитички извештаи, конечно се појави и популарното  „Досие Икс“, односно документ за истражувањата на појавувањата на Неидентификуваните летечки објекти.

cia-nlo-640x427

Архивата на ЦИА  покажува дека американските шпиони не биле заинтересирани само за феноменот НЛО во границите на САД туку и во Западна Европа и над Хималаите.

Во далечната 1968 година ЦИА забележала шест случаи на НЛО на небото над индиските региони , Ладака, Сикима, и над Бутан и Непал, објави „Спутник“.

На 19.02.1968 година  објект што свети кој се движи со голема брзина е воочен на небото на североистокот на Непал и на северот на Сикима.
Според извештајот на ЦИА објектот се движел со голема брзина имал издолжен облик и емитувал црвена и зелена светлина.
-Многу брз објект, долг и тенок. Емитува црвено и зелено силно светл, доволно да се гледа како да е ден. Пратено со звук сличен на молња, неколку секудни по појавувањето на објекот, пишува во документот на ЦИА.

Најинтересен дел од извештајот секако е сведочењето забележано на 25 март 1968 година во северозападен Непал.

-Голем метален објект во форма на диск  со база од шест стапки и висина од четири стапки е пронајден во кратер во Балтичаур, пет милји североисточно од Похкар, пишува во извештајот. Во продолжението е наведено дека ваков сличен објект е пронајден и во Телакота и Турепасул.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This