ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од вечерва голема промена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и на планините ќе поминуваат во снег.

Кон крајот на денот и преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и планините ќе поминуваат во снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува да наврнат над 25л/м2. Ќе дува засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од минус два до четири, а максималната од седум до 14 степени.

Во Скопје, времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачноста, а ќе дува и засилен јужен ветер. Попладне ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и преку ноќта кон недела ќе има услови да поминуваат во дожд и снег. Но ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура се очекува да достигне до13 степени.

В недела претпладне во западните и северните делови ќе има повремени слаби врнежи од снег, а границата на снежните врнежи се очекува да се спушти и до 500 м.н.в. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка може да се формира и на некои повисоки места. Во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This